Дојранското езеро е туристички бисер во Источна Македонија. Најголеми населби се двете рибарски гратчиња; Нов Дојран (населен од крајот на 1ва Светска Војна до 2ра Светска Војна) и Стар Дојран, кој има и стари и нови градби, особено хотели, ресорти и ресторани.

Се наоѓа на надморска висина од 148m. и е со површина од 43Км2. Заради својата мала површина и длабочина, водите му се релативно топли. Тоа е најбогатото езеро со риба во околината.

Уникатна Староседелска Култура

Корабите, тајната на непредвидливото езеро наскоро ќе се вратат во водите на Дојран. Последните рибари кои некогаш токму со нив ги совладувале немирните бранови, ќе изработат традиционални дојрански чамци. Во нив главно ќе се возат туристи. Корабите се брилијантен изум на древните дојранчани и веслата се оригинални дојрански купии. Последниот кораб е пензиониран во некој двор. 
Помеѓу водата што се повлекува за повторно да дојде и расфрланите куќарки, има древна култура. Историја испишана со бледо мастило за која недостигаат раскажувачи. Нашиот водич сака да ја добие токму таа битка. Затоа не го крие воодушевувањето кон езерото. 
Кога ќе стасаат корабите, во езерото ќе се подигнат и куќарките на дрвени колци, а околу нив, мандрите. Најголемата гордост на Дојран ќе прерасне во школа за традиционално рибарење. Најстарите мајстори ќе ги подучуваат внуците како го ваделе лебот.

Лековитите Својства на Езерото

Калта

Калта на Дојранското Езеро е лековита. Таа е особено корисна за лекување на мускулите и коските. 
Ова е вообичаена слика на бреговите на Дојранското Езеро. Луѓето се мачкаат со калта и потоа се сончаат на сонцето. Тие веруваат во нејзината лековита моќ.

Алгите

Корисна е за лекување синуси. Алгите кои се ствараат во езерото можат да отстранат секакво воспаление на синусите и потоа можете да пиете ладно пиво и смрзнат сладолед.

Историја

Иако овој крај е богат со историја уште од антички времиња, најпознат период е Дојранската Битка, дел од Македонскиот Фронт за време на 1вата Светска Војна, со остатоци од ровови, бункери и воена опрема.

Легендата за Дојранското Езеро

Според една стара легенда, девојката по име Дојрана имала навика да црпи вода од доста особен извор кој по употребата морал да се затвори. Но еден ден во моментот кога таа ги полнела стомните, слушнала дека нејзиниот љубен се вратил жив и здрав од војна и од возбуда и брзање, заборавила да го затвори изворот. Дојранското Езеро, според легендата, е резултат на нејзината непромислена еуфорија.

Joomla templates by a4joomla